„Да не се правиме наивни, Мицкоски ако го слушаме нема да имаме избори, попис, поддршка кон компаниите, единствено ќе постои белата палата…“, вели Шекеринска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21, министерката за одбрана Радмила Шекеринска го коментираше ставот на Христијан Мицкоски дека поради пандемијата требало да биде одложен пописот.

Шекеринска рече дека државата немало да успее во ништо, доколку бил слушан Мицкоски.

„Сите велат дека за една година ќе го одложиме, но не за 20 како што сторија тие. Да не се правиме наивни, Мицкоски е човекот кој тврдеше дека не треба да имаме избори во јули, и требаше да ги одложиме ноември, декември. Знаеше што ќе се случеше ако го послушавме? Токму тогаш беа најголемите пикови. Ако го слушаме него, нема да имаме попис, избори, нема да има поддршка кон компаниите, ниту еден закон немаше да помине, единствено ќе постоеше белата палата. Но, ние успеавме да станеме дел од НАТО, затоа што не го слушавме Мицкоски“, рече Шекеринска и додаде:

„Можеби се срами од фактот дека овој попис ќе биде поевтин од тој што не успеа. Тој попис е со играње политика, и кавги кои сакаа да играат со картата на меѓусебни односи. Тие не ставија во групата на единствената неспособна држава да спроведе попис“, изјави министерката за одбрана.