Да се прави или купи ајвар? – Есенска дилема поради високата цена на пиперките

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Цените на пиперките за ајварот во Тетово е од 50 до 60 денари за килограм. Граѓаните велат дека цените се солени за нивниот џеб. Некои дури тврдат дека годинава нема да подготвуваат ајвар или ќе прават со помали количини.

„Скапо е како и секогаш“.

-Дали со овие цена се исплаќа да правиш ајвар?

„Немаме, но мора да се подготви за да имаме зимница“.

-Дали мислите дека подготовката во домашни услови е поевтина?

„Не, скапо е! Но мора да се прави, немаме друг избор“.

„Многу е скапо, немаме исплатливост. Платите се ниски, ниски пензии, не се стигнува“.

-Дали подготвивте ајвар?

„Зависи“.

„Јас само што дојдов на пазар, како што гледам цените се некаде добри, некаде скапо. Не знам што да кажам. Ајварот го правиме дома со ќеф, иако е скапо но сега е времето топло и уште чекаме да биде поладно за да правиме ајвар“.

„Не знам како без пари?!“

На едно семејство во просек му требаат 50 килограми пиперки за подготовка на ајвар, што значи околу 2.700 денари, ако се додадат 300 денари за црн домат, пет литри масло за кое се потребни 500 денари, како и потрошувачката на дрва или струја. Испаѓа дека за подготовка на 28-30 тегли ајвар се потребни најмалку 3500 денари.