Да се укине или не Техничката влада!? Требаше да важи само за изборите во 2016-та, остана 10 години!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Беше предвидена да важи само за 2016-та година, како начин за решавање на политичката криза, но сепак Техничката влада договорена со Пржинскиот договор остана 10 години. СДСМ, која не беше дел од лидерската средба одржана во средата, вели дека техничката влада била договорена со цел да се спречат злоупотреби на институциите пред избори, но потврдуваат дека изминаите неколку циклуси се демократски организирани. Иако е така, сепак техничката влада се уште е дел од законот.

„Кога се преговараше во 2018-та година во однос на референдумот, подршка на референдумот од ВМРО-ДПМНЕ и т.н., на средба помеѓу тогашниот премиер Заев и лидерот на опозицијата Мицкоски, едно од барањата на Мицкоски беше да се врати преодната влада повторно во Законот за влада затоа што смета дека на тој начин опозицијата ќе има механизми со кои што ќе учествува во креирање во поволен политички амбиент, за фер и демократски избори. И тогаш СДСМ прифати да се врати таа преодна влада во закон за влада, се врати како преодна влада, меѓутоа не се стави посебна преодна одредба со која ќе кажеме да ќе важи за еден изборен циклус, туку важи во континуитет“, изјави Спасовски.

Според Спасовски, разговорите за укинување на техничка влада треба да се водат со присуство на меѓународниот фактор.

Овој разговор за техничка влада, преодна влада итн, ако се води треба да се води во рамките на најголемите политички партии во Собранието и секако со меѓународната заедница, за да се анализира од секаков можен аспект. Ние сметаме дека треба да продолжи за следните парламентарни избори истиот начин на функционирање на техничка влада“, рече Спасовски.

Токму ова е една од опциите кои ги спомна Мицкоски по лидерската средба на која СДСМ не присуствуваше.

„Знаете дека тој закон се менува со просто мнозинство со 61 глас ЗА, сепак мојот предлог беше да не го правиме тоа на сила, без нивна согласност, туку да донесеме измени во законот во кој што после следните избори, тие кои што ќе следат, тогаш да не важи техничка влада, да важи за овие избори. Ако толку тие инсистираат да важи за овие избори техничката влада, Еве измените кои што би ги донеле, да не ги опфатата следните парламентарни избори, туку некои следни кои што ќе следат потоа“, рече Мицкоски.

Инаку, според постоечкиот закон, техничка влада се формира 100 дена пред изборите, каде премиерот е од актуелната влада, а пет министерства се делат меѓу власта и опозицијата. Прашањето за Техничката Влада се отвораше повеќе пати. Последната беше формирана на 28.01.2024, пред изборите на 8 мај, со премиер Талат Џафери од ДУИ. Претходно, имаше техничка влада во 2016 и 2020 година.