Да се верува или не дека ќе заврши паркингот? – Владата одвои 20 милиони евра за подземен паркинг кај Скендербег

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поминаа 14 години откако почна проектот за плоштад Скендербег во Скопје, каде се предвидуваше и поземен паркинг, но никогаш не беше изграден. Но за ова сега има нова надеж, откако сегашната влада одвои средства за проектот. Граѓаните со подделени мислења дали овој проект ќе се реализира или не!

„Се надеваме дека ќе се направи, со ова промена што се направи сега, бидејќи со години се ветуваше и не беше направено ништо. Но, се надеваме ќе биде добро“.

-За колку време мислите дека ќе се направи?

„Верувам дека во рокот што го дадоа ќе се направи“.

„Не знам што да кажам, можеби ќе го направат бидејќи ветија, тие сите ветуваат пред изборите, потоа повторно оди тешко“.

-Овој пат верувате дека ќе се направи?

„Верувам, да!

„За да веруваш треба да бидеш „будала“!

-Зошто?

„Само слушаме безсмислици, тие паркингот го уништуваат, го крадат, ќе го направат паркинг, нема врска тоа“.

„Да 100% верувам дека ќе се направи

-За колку време сметате дека ќе се направи?

„Мислам дека наскоро ќе се заврши, за 2 години ќе се направи 100%“.

-Вие како граѓанин тоа го очекувавте?

„Одмана чекаме за паркинг, сега откако влезе Изет, верувам дека 100% ќе се направи.

„Не знам, не верувам. Само ветуваат не реализираат.

-А верувате дека ќе се направи тоа бидејќи го вети коалицијата ВРЕДИ?

„Можеби, се надевам

Првиот вицепремиер Изет Меџити извести дека Владата одлучила да одвои 20 милиони евра за финансирање на овој проект.

„Владата одлучи да одвои 20 милиони евра за финансирање на проектот за изграба на повеќекатен подземен паркин до плоштад Скендербег во Скопје. Овој неколкугодишен проект предвидува изградба на 371 нови паркинг места, поделени на два подземни нивоа со вкупна површина од повеќе од 13 000 м2“, вели Изет Меџити.

Инаку првичниот рок за завршување на проектот Плоштад „Скендербег“ беше 2014 година, значи требало да се заврши пред 10 години. Првата фаза за плоштадот заврши во 2013 година, втората фаза започна во текот на 2016 година а плоштадот беше пуштен во функција во август 2017 година. Третата фаза, со која се предвидува подземен паркинг досега воопшто не е започната.