Да седиш дома со насилник? – Во првото тромесечие од годинава зголемен бројот на насилства врз жените

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зголемен е бројот на семејни насилства. Граѓаните за време на изолацијата биле поагресивни и ја влошиле семејната атмосфера. Според статистиките на МВР, најчести жртви се жените. Во Скопје, во 2019 во јануари, февруари и март имало 55 случаи на кривични дела “семејно насилство“, а во 2020 за истиот период, бројот на насилства изнесува 75.

Исто така според овие податоци, по Скопје, градови во кои е зголемен бројот на семејно насилство се Тетово и Охрид. Доколку во 2019 во целата земја имало 165 жени кои биле жртви на насилство, во 2020 за истиот период, бројот на жени жртви на семејно насилство е 207.

Според извештајот од полицијата, бројот на жртви на семејно насилство за периодот од јануари до март споредено за 2019 – 2020 е следниот:

Јануари- Март 2019

Кривични дела:        Жртви на насилство / Мажи и жени

                                                                  Мажи      Жени

Скопје 55      14          41

Охрид 12                                               1             11

Тетово 13                                                    4              10

Јануари- Март 2020                                   Мажи      Жени

Скопје 75                                                      9             70

Охрид 21                                                     7             14

Тетово 26                                                      4             22

Социологот Дрита Мехмети вели дека во овој период причина за порастот на семејното насилство е изолацијата а потоа и други причини како губење на работното место, недостиг на толеранција и соочување со реалноста.

„Во последно време како причина на Ковид-19 и карантинот, забележан е пораст на семејното насилство. Мотото “Седи дома“ за жал не е најбезбедното мото за секоја жена. Повеќето, поради карантинот седат 24 часа затворени со насилници и домовите за нив не се најбезбедното место“, истакна Дрита Мехмети.

Мехмети препорачува овој период луѓето, особено мажите да се однесуваат посмирено во однос на состојбата бидејќи многу често неконтролираната комуникација со членовите на семејството може да предизвика насилство од различна природа. И претходно, Министерството за здравство отвори телефонска линија за психолошка поддршка за сите граѓани на кои им е тоа потребно.