Даде заклетва новиот обвинител за гонење криминал – Абази вети дека задачата ќе ја врши без никакви влијанија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се заколна дека својата работа ќе ја врши без влијанија и дека против криминалот и корупцијата ќе се бори без компромиси.

Ислам Абази денеска официјално ја презеде функцијата Шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Сите членови на Советот на обвинители му посакаа успех и го предупредија дека ова е многу одговорна работа,

Абази изјави дека првото нешто што ќе го направи е средба со неговите колеги и вработени во обвинителството за да се запознае со состојбата.

Откако положи заклетва, се сретна и со неговата претходничка Вилма Рускоска на која и подари рози. Одржаа средба на која Рускоска го запозна Абази со работата на обвинителството. Шефицата во заминување, Рускоска, немаше некој посебен совет за Абази во врска со тежината на работата, бидејќи смета дека обвинителот е свесен на каков терен влегува.

Рускоска нема планови што ќе прави од професионален аспект, но додаде дека очекува кривичната пријава против неа да се отфрли и да биде прекината дисциплинската постапка.