Дали анестезиологот тиктокер се враќа на работа? Судот вели дека ќе мора, но што ќе каже лекарската комора

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со судска одлука, на работното место ќе мора да се врати анестезиологот тиктокер Ваљтон Дервиши, кој емитуваше „во живо“ од гинекологијата на тетовската болница. Решението се уште не е во сила, поради истекот на рокот за жалба. Судијата во случајот Илир Реџепи изјави дека тиктокерот Ваљтон Дервиши е неправедно разрешен од работното место.

Но, од тетовската болница велат дека ја обжалиле одлуката и очекуваат повисокиот суд да пресуди во нивна корист.

Меѓутоа останува нејасно дали Дервиши има или нема лиценца за да се врати на работното место бидејќи Лекарската комора во април минатата година му ја одзема.

Вчера ТВ21 испрати прашања до Лекарската комора дали одлуката од 24 април 2023 година се уште е во сила, но одговор досега не добивме.

Инаку, на 17 мај 2023 година Судот во Тетово донесе пресуда со која анестезиологот требаше да биде осуден на една година и три месеци затвор, но истата беше укината и на повторното судење на 2 јули беше осуден на три месеци затвор и парична казна од 250 евра. Потсетуваме, лекарот Дервиши ја призна вината и јавно им се извини на колегите и пациентите за стореното дело, велејќи дека не постапил со предумисла да го објави видеото или да профитира материјално од него.