Дали е ризично да се јаде снег?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За оние кои ќе ја користат снежната покривка за радост на снегот, решивме да истражиме колку точно е ризично да се јаде снег.

Снегот е всушност вода во својата најчиста форма. Меѓутоа, во него може да се најдат многу други работи, вклучувајќи сол и хемикалии кои се користат за топење на снегот на патиштата и тротоарите, како и влакна, бактерии, урина и измет.

Ако на некој, најчесто дете, му текне да проба снег, најздравата опција е свежата бидејќи е помалку загадена. Но, треба да знаете дека може да содржи загадувачи од воздухот, како што се издувните гасови и чадот.

Снегот е позагаден во градовите, но не е безопасен ниту во руралните средини

„Снегот секогаш носи ризик од контаминација, нечистотија и микроби“, изјави Џенифер Џонсон од клиниката Мајо за AccuWeather.com.

Ризиците од јадење снег варираат од место до место.

„Во големите градови има поголемо загадување поради повеќе автомобили и згради, додека руралните локации имаат ризик земјоделските хемикалии од почвата да завршат во снегот. Јас лично не познавам некој кој имал компликации од јадење снег, но има деца кои се разболеле поради тоа.Сум прочитал извештаи за случаи на деца кои добиваат необични бактериски инфекции после јадење снег“, истакнува Џонсон.

Може да се појават проблеми со стомакот

Повеќето луѓе имаат добар имунитет кој нема да му наштети на малку снег, но можните последици од таквата идеја се стомачни проблеми и дијареа. Симптомите главно ќе зависат од тоа што има во снегот.

„Некој со имунолошки проблеми е поподложен на инфекција и може да развие треска, повраќање, дијареа или необјаснето губење на тежината“, вели Џонсон.

Луѓето кои страдаат од сериозни здравствени проблеми и доенчињата треба да бидат внимателни. Ако изедете неколку снегулки, нема причина за паника. Ако претерате, информирајте го вашиот лекар.