Дали има контрадикции во СДСМ? – Петровска вели „не“ за ОНА, Битиќи спремен за решение

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Прашана дали би прифатила во Законот за бранителите да бидат вклучени и екс припадниците на ОНА, предлагачката на овој закон од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска одговори вака:

Но нејзиниот сопратиец, пратеникот Фатмир Битиќи вели дека СДСМ е спремна да седне и еднаш засегкогаш да се затвораат темите кои ги задираат меѓуетничките односи.

Прашан дали се прифатливи барањата на албанските партии во Законот за бранителите да бидат вклучени и екс припадниците на ОНА, Битиќи рече дека не видел никакво барање во Собрание.

„Ниту едно нивно барање ние не сме виделе. Барањето се дава во писмена форма, со предлози до Парламентот, никаде на друго место“, вели Битиќи.

 На оваа тема првиот вицепремиер, Изет Меџити праша што се случи со СДСМ бидејќи од граѓански концепт премина во националистички концепт. И Меџити и другите албански политички актери инсистираат на тоа дека овој предлог закон нема да помине. Во моментов предложениот закон е заглавен во Комисијата за социјална политика, која ја предводи пратеничката Илире Даути, дел од Европскиот фронт. Таа се уште нема намера да свика седница каде на дневен ред ќе биде ставен Законот за бранители. Од друга страна, иако се врши притисок врз Претседателот на Собранието да ја свика седницата на комисијата, Гаши завчера изјави дека ја исполнил својата обврска да испрати покана до Претседателот на Комисијата да свика седница. Доколку Претседатеот на Комисијата не делува според Деловникот, Гаши рече дека не е тој што треба да го констатира тоа.