Дали ќе биде првиот премиер Албанец? – Насер Зибери: Да, доколку ме предложи Ахмети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Насер Зибери на изборите во 2020 беше кандидат на ДУИ за прв премиер Албанец, а бидејќи премиер Албанец се очекува да биде во последните 100 дена од оваа влада, Зибери беше избран за Народен правобранител.

Но, дали има шанса кога ќе дојде време за Албанец на чело на владата, тој да биде Насер Зибери?

Во гостување во Клик Плус, Зибери изрази подготвеност да ја преземе оваа задача доколку Ахмети го предложи за премиер.

-Логично треба Вие да бидете?

„На некој начин“.

-Ќе ја прекинете работата како Народен правобранител?

„Секако доколку испадне така“.

-Ќе се избере друг Народен правобранител?

„Да, ќе се избере друг“.

Би ја смениле работата како народен правобранител за тој месец или два Премиер?

„Јас се уште не сум одлучил, во последниот разговор со претседателот Ахмети се договоривме кога ќе дојде време за тој мандат, да седнеме и да разговараме, да видиме што е подобро за граѓаните“.

Доколку Зибери добие шанса да биде прв премиер Албанец за три месеци, првите чекори што ќе ги преземе ќе бидат за враќање на довербата кај граѓаните.

„Да се врати довербата кај граѓаните, дека институциите функционираат врз основа на правилникот, перцепција која во моментов не е таква, а ваквата перцепција не е случајна, сигурно доаѓа како резултат на функционирањето на јавниот сектор и пред се администрацијата“, вели Зибери.

Од друга страна, Зибери како Народен правобранител не пропушти а да не ја спомне мизерната состојба во затворите во Северна Македонија, за кои рече дека не ги исполнуваат ниту минималните критериуми за достојно издржување казна и ресоцијализација и интеграција на тие лица.