Дали ќе никне зграда во Старата скопска чаршија? – Општина Чаир: Ако има прекршување на процедурите, ќе следи казна

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„На ова место, во близина на Старата чаршија, најверојатно ќе се гради објект за којшто се сомнева дека не е предвиден со ДУП-от“, вели репортерката на ТВ21.

Станарите кои живеат овде не сакаа да зборуваат пред камера, но велат дека овде се планира да се гради зграда. Се сомневаат дека инвеститорот нема дозвола за градба и дека доколку се изгради, ќе биде голема пречка за нив.

Се сретнавме и со лицето кое вели дека е сопственик на земјиштето. Ниту тој не сакаше да зборува пред камера. Само рече дека во моментов се подготвува теренот, а потоа ќе одлучи дали ќе гради.

Прашавме во Општина Чаир што се случува на ова место, а оттаму ни одговорија:

„Врз основа на добиеното известување, Општина Чаир ќе испрати општински инспектори за одблизу да ја видат фактичката состојба со земјиштето. Доколку се утврди каков било вид прекршување на правните процедури, ќе им биде изречена казна за евентуално прекршување на процедурата“, велат од Општина Чаир.

ТВ21 се обрати и до Државниот инспекторат за градба и урбанизам за да прашаме дали се запознаени со случајот. Од таму рекоа дека ќе одговорат во текот на денот.