Останува уште еден месец до важноста на документите со старото име на државата. Рокот е до 12 февруари. Поради оваа причина, на шалтерите на МВР има преголеми гужви, а често се случува и компјутерскиот систем да падне, што го продолжува и така долгото чекање.
Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Сител изјави дека ова што им се прави на граѓаните е срамота и дека побарал рокот да се одложи до септември или октомври.
Прашан за оваа идеја на Пендаровски, премиерот Ковачевски, рече дека ќе се разговара на владина седница.
Инаку, за олеснување на процесот, МВР отвори неколку дополнителни пунктови за издавање на документи за идентификација, но очигледно ниту тие не помогнаа. А покрај долгите чекања на шалтерите, бидејќи државата не ги покривала трошоците, граѓаните се принудени сами да плаќаат за новите документи, иако документите со старото име се уште имаат рок.
