Дали ќе се воспостави ред во јавниот превоз? – Караџоски предлага да има кондуктер во секој автобус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Комисијата за заразни болести во вториот пакет рестриктивни мерки предложил автобусите низ Скопје да сообраќаат со 50% намален капацитет.

Но за Комисијата за заразни болести, оваа мерка нема да го реши проблемот со гужвата. Претседателот на оваа комисија, Жарко Караџоски препорачува во секој автобус да има по еден кондуктер.

Бара и зголемен број автобуси, бидејќи како што вели, така може да се држи дистанца меѓу патниците. Во меѓувреме, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов со одговор.

ТВ21 пред неколку дена известуваше за гужвата во автобусите, но Комисијата за заразни болести предложи само ограничување на бројот на патници, на 70‘ од капацитетот на патниците да се намали на 50%. Протоколи за јавниот превоз има, но нема надзор за нивно спроведување. Затоа, автобусите често се преполни со патници.