Судскиот совет започна контроли во Апелационен суд за предметот Сашо Мијалков и други 3 предмети кои доцнат и се заглавени, а се уште не се знае дали одложувањето на предметот Таргет-Тврдина се прави намерно или не. Претседателката на Советот Весна Дамева рече дека работната група го подготвува извештајот а се надева дека овој извештај ќе заврши наскоро.
Судскиот совет не знаел за доцнењата на овие предмети, рече Дамева, додавајќи дека во следниот период ќе се преземат повеќе чекори со цел информациите за доцнењето во судовите, да не ги дознае од медиумите. Дамева не сакаше да ја коментира изјавата на министерот за правда, Никола Тупанчевски во врска со измената на законот за Судскиот совет за во иднина на чело на советот да не се поставуваат луѓе избрани од Собранието или политиката.
Минатата недела Судскиот совет формираше работна група за контрола во Апелација за одложувањето на 4 предмети, Алфа, Транспортер, Таргет-Тврдина и Трезор.
