Нема отстапувања од пропишаните стандарди за квалитет на водата за пиење во Скопје, покажуваат најновите лабораториски испитувања на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Од претпријатието информираат дека во периодот од 26 до 30 октомври 2026 година биле земени вкупно 382 примероци вода од 42 мерни места низ градот.
Од вкупниот број примероци, 191 биле испратени на физичко-хемиска анализа, а останатите 191 на микробиолошко испитување.
Резултатите покажале дека сите анализирани примероци одговараат на барањата утврдени со Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Испитувањата ги спровел Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“, од каде што посочуваат дека водата што ја користат жителите на главниот град ги исполнува законски пропишаните критериуми за квалитет и безбедност.Водата во Скопје е безбедна за пиење –
