Синоќешниот состанок на Интегративците во седиштето на партијата во Мала Речица имаше за цел да покаже дека ДУИ е и ќе биде обединета и добро организирана, рече по средбата лидерот на партијата, Али Ахмети, додавајќи дека се разјаснето разликите “до последниот атом“.
„Немаше точки кои не се среќаваа воопшто. Може да имало некоја огорченост или потребаната информираност и сите нешта начелно се разјаснети и целата работа е на потребните шни за да може да преземат на плеќи нови одговорности“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Но колку е навистина мирно внатре во ДУИ? Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека нема потреба и за толкава смиреност но ниту очекува некое продлабочување на тензиите Меџити – Груби. Не очекува ниту фракции, но доколку се случи, позициите на ДУИ би ослабеле пред локалните избори.
„Општеството како општество, држава како држава, немаат врска со тоа. Ова се внатрепартиски интереси. Доколку партијата не е обединета, излезе на избори, секако и слабеат позициите. Доколку е обединета ги зајакнува позициите. Нормално од незајакнување на позициите може да има бенефиција спротивната страна, бидејќи секој политички субјект има свој противник. Така што не гледам ништо драматично, барем за општеството, а за членството, треба да одржат внатрешна дебата“, вели Алберт Муслиу – аналитичар.
Аналитичарот Џељал Незири потсети дека ДУИ како секоја друга партија, од основањето имала недоразбирања. Различното мислење треба да се гледа како вредност а не како недостаток, но и Незири е на ставот дека недостигот од обединетост пред локалните избори може да се одрази негативно врз резултатите.
„Ние сме имале случаи во ДУИ во минатото одредени фракции молчејќи на некој начин ги бојкотирале локалните или парламентарните избори поради недостиг на позиции внатре во партијата. Во случај на необединетост на ДУИ на локалните избори, природно е дека тоа може да резултира со губење на одредена општина, ќе излезе со послаб резултат отколку што може да биде проектирано, значи тоа што мислам дека г. Ахмети го покажал или се обидел да го покаже било дека тој останува таа фигура која може да ја одржи обединета партијата и дека неговото евентуално повлекување во овој момент може да донесе до големи поделби внатре во партијата“, вели Џељал Незири – аналитичар.
На прашањето за незадоволството во врска со именувањето на Артан груби за прв вицепремиер, нешто што отворено го изразува шефот на парламентарната група на ДУИ, Изет Меџити,претседателот Али Ахмети синоќа рече дека воопшто не е разговарано за оставка на Груби. Се разбира дека извршните органи треба да дадат отчет пред партијата, но различното мислење никогаш не треба да се задушува, рече тој.
Потпретседателот Меџити не одговори дали е задоволен по синоќешната средба и дали се уште е на идејата за поддршка на гласање недоверба на Груби, во случај да дојде до такво нешто. Накратко за ТВ21, Меџити рече дека Ахмети вчера дал изјава во име на сите, не сакајќи и денеска повторно да зборува за тоа.
