Дали ни пристигнува иднината? – Тесла излезе со модел на автомобил кој вози сам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тесла навистина се обидува да развие автономни возила, но сè уште не е можно возилото да се движи самостојно, потребна е „помош“ и контрола на возачот.

Сепак, тоа не ги спречува сопствениците на автомобилите Тесла да се обидат да го пуштат автомобилот сам.

Ова видео е објавено за социјалната мрежа „ТикТок“, а на видеото се гледа како еден млад возач се преправа дека спие во автомобил, додека Тесла Модел 3 вози самостојно по автопатот.

Неговата мајка всушност била присутна цело време и го снимала видеото, а како изгледаше сето тоа, може да уверите и сами.