Претседателот на СОНК Јаким Неделков и денеска како и вчера недостапен за медиумите, што не беше така од почетокот на штрајкот до петокот кога редовно се одржуваа прес конференци. Но, затоа пак културно се извини на фејсбук.
„Ви должам извинување за мојата недостапност , но сакам и да ве информирамн дека до недела 17.04.2022 год. до попладневните часови нема да бидам достапен. Однапред ви благодарам за разбирањето“.
Викендот СОНК се консултира, а утревечер треба да донесе одлука дали учениците ќе продолжат со настава од понеделник. Предлогот на Владата е штрајкот да се стави во мирување, а преговорите за покачувањето на платите да подолжат паралелно.
-Училишната година мора да продолжи да се одвива непречено што е особено важно, затоа што зад нас имавме две училишни години во пандемија со корона вирус кога учениците следеа он лајн настава или комбинирана настава – рече Даниела Николова од СДСМ.
Од СДСМ апелираат да не се дозволи наставата да се пролонгира и со тоа да се загрозат уписите, државната матура како и полагањето стручен испит на петстотини наставници. Власта наместо да прави притисоци и да се заканува, треба на просветните работници да им одговори како може да дава 1 милион евра за криминални физибилити студии, 2,5 милиони евра за службени возила, 2 милиони евра за кафиња, цвеќиња, жардињери и хотелски услуги, а нема да им ги покачи платите кои се едвај повисоки од минималната плата- велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Вандализираната градинка на која некој напишал СОНК убијци уследи веднаш после притисоците, заканите и заплашувањата на власта кон вработените во образованието кои штрајкуваат за повисоки плати. Тоа е срамно и бедно и е за секаква осуда.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Стандардот на граѓаните е во слободен пад. Само во март месец инфлацијата изнесува 8,8%, а во рок од една година сите основни трошоци за живот се поскапени од 30 до 110%- велат од опозицијата во знак на поддршка на просветните работници и вопспитувачите.
