Во американскиот град Ранчо Мираж, наскоро треба да започне изградбата на нова населба, во која сите куќи ќе бидат целосно отпечатени.
Иако големите 3Д принтери се повеќе се користат во градежништвото, досега не било случај да се гради цела населба (15 куќи) со употреба на таква технологија.
Ова е ажурирање на нашата визија за иднината на зградата, вели Алексиј Дубов, коосновач на градежната технолошка компанија Mighty Buildings, која учествува во овој необичен проект, пренесува zimo.dnevnik.hr.
Предностите на овој метод на градба, односно печатење, се во тоа што може да се автоматизираат 80 проценти од градежните работи, што го намалува бројот на работни часови за дури 95 проценти, со десет пати помалку отпад во споредба со традиционалната градба. Домашните делови ќе бидат отпечатени во нивниот голем магацин во Оукленд со помош на масивни 3Д-принтери со големина на помала гаража, со користење на брзо стеглив материјал (комбинација на железо, гипс картон …) па надворешните sидови, изолацијата и покривот ќе можат да бидат во еден процес направени.
Капацитетите на компанијата се такви што една куќа поголема од 30 квадратни метри може да се печати за само 24 часа.
Интересно е што понекогаш печатачите работат на делови од куќата преку ноќ, додека сите работници спијат.
Од „Mighty Buildings“ велат дека се поограничени со транспорт на нивните печатени објекти отколку со можностите на печатачот.
Куќите што ќе бидат изградени и поставени во Ранчо Мираж ќе имаат два дела. Едната ќе се состои од три соби и две бањи, додека другиот дел ќе има уште две соби и бања. Покрај куќата, секоја парцела во таа населба ќе има базен во дворот, а за дополнителен надомест има и можност за инсталирање тушеви на отворено, кади со џакузи, камини и сл.
Цената ќе биде 595 илјади долари за основната конфигурација на куќа со три соби и две бањи, додека оние кои сакаат дополнителни две соби и бања ќе треба да платат 950 илјади долари.
Според Гардијан, 3Д-печатењето може да биде решение за кризата со недвижнини во Калифорнија, бидејќи експертите предвидуваат дека, заради очекуваното зголемување на населението во таа област, ќе бидат потребни меѓу 1,8 и 3,5 милиони нови станбени единици до 2025 година.
