Со шефот на државава Стево Пендаровски во вчерашното издание „Click Plus“ на ТВ21 дебатиравме за пописот, кој е планиран да се одржи во месец април.
Пендаровски вели дека за својот став за пописот неколку пати се произнесувал.
„Јас кажав пред неколку месеци. Ако е проблемот коронавирусот, дајте месец – два да го одложиме, по претпоставка дека ширењето на вирусот ќе биде редуцирано. Сега и тоа се покажа како неточно. Доцнењето на вакцините влијае. Еве ја следиме ситуацијата во Србија каде имаат голем број на вакцинирани. Бројките, за жал, не се така добри. А, рестриктивните мерки во Србија не се поразлични од нашите“, изјави Пендаровски.
