Дали САД и Германија даваат поддршка во решавање на спорот со Бугарија?
На ова прашање во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговор ни даде професорот Жидас Даскаловски.
„Да, Ковачевски има поддршка, има контакти со Германија и САД, но на крајот на денот ќе биде прашањето дали Македонија може да ги исполни условите кои што Бугарија ги има зададено уште со декларацијата во нивното Собрание и со позицијата на претходната Влада, која што е официјализирана во т.н. 5+1 барања на Бугарија“, вели Даскаловски.
Тој смета и дека Владата на Заев имала поддршка од Германија, која била директна и постојана.
„Америка секако дека има голем интерес, тука треба да се видат и геополитичките процеси, односно важноста на Коридорот 8, како еден алтернативен коридор за евентуален транспорт на енергенси до Медитеранот и понатаму до Италија. Тоа е еден коридор кој што е важен за Америка и кој што е спротивен на Коридорот 10“, вели Даскаловски.
