Дали се заборави „E-GO“? – Бектеши вети дека изградбата на фабриката ќе почне во март

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Камен темелникот беше поставен пред 7 месеци, а потоа се покажа дека парцелата е тесна за да се изгради фабриката Е-Go, за производство на електрични автомобили. За да го обезбедат вистинскиот простор за проектот, надлежните по неколку месеци како решение најдоа спојување на 4 парцели. После тоа во „Клик плус“, министерот за економија, Крешник Бектеши даде ново ветување. Тој вети дека за еден месец ќе почне изградбата на фабриката „ Е-Go “.

„Е-Го е многу сериозна компанија, со седиште во Германија. Да почекаме бидејќи договорот е потпишан“.

Дали знаете кога ќе почне изградбата министре?

„Знам сигурно, информиран сум од Дирекцијата за слободни економски зони, нема да помине повеќе од еден месец и ќе почне да се гради, врз основа на Дирекцијата за слободни економски зони која се занимава со оваа проблематика“.

Но и после месец и пол откако министерот Бектеши ја даде оваа изјава, на терен нема ништо. Од снимките снимени од камерата на ТВ21, се гледа дека таму не се работи ништо.

За тоа до каде се работите денеска побаравме одговор од министерот за економија Бектеши, но не добивме. Од Министерството за економија ни рекоа дека министерот ја завршил работата што се барала со оваа инвестиција и дека таа повеќе не е во нивна надлежност. Одговор побаравме и од Дирекцијата за индустриски технолошки развојни зони, но ниту од оваа институција одговор не добивме.

Камен темелникот на фабриката беше поставен на 13 август, на годишнината од Охридскиот договор. Инаку, инвестицијата е вредна 130 милиони евра, а се очекува отворање на 900 нови работни места. Електричниот автомобил „Е-Go “ ќе биде првиот електричен автомобил што целосно ќе се произведува во нашата земја. Станува збор за германска компанија, а се очекува фабриката да произведува 30.000 автомобили годишно.