Нема никаква реакција за обелоденување на сомнежите на учениците кои се обврзани да платат за свидетелствата кои што се бесплатни.
Тв21 испрати прашање и до Инспекторатот за образование и наука за да дознаеме дали преземале некакви активности за да го истражат случајот. Но, од таму не добивме одговор, иако во претходните залагања тие препорачуваа учениците желбите да ги испратат до управата на училиштата.
Активности за овој проблем не преземаа ниту Министерството за образование и наука, бидејќи како што рече министерот Арбр Адеми, тоа е под одговорност на Инспекторатот, а до овој ресор немало никакви жалби.
„Официјално, формално на нашата адреса, во МОН немаше никаква жалба, меѓутоа како што е известена широката јавност, така сум известен и јас и остро го осудуваме тоа.“, рече Адеми.
За свидетелствата пред неколку дена реагираа и од Унијата на учениците на средните училишта. Го прашавме претседателот, Бледи Ходаи, дали жалбите биле само во форма на соопштенија или се испратени и до надлежните институции!
„Реакцијата која ја имавме, ја испративме и до здравствените власти, МОН, на 16 јуни ние испративме и емаил до МОН, но според досегашното искуство, тие многу малку ги читаат нашите реакции и проблемите кои ги имаат учениците.“, вели Ходаи.
Жалба чека и Народниот правобранител. По прилозите во медиумите, ова институција ги охрабрува учениците овие случаи да ги пријават кај нив, и потоа да ги проследат до образовните институции.
„Согласно регулативата која го регулира правото за образование, секое дете имаат право на квалитетно и бесплатно образование, односно право на средно образование кое е задолжително за сите граѓани, со исти услови. Потоа, средното образование во јавните училишта е бесплатно.“, соопштува народниот правобранител.
Од Инспекторатот на претходна изјава за ТВ21 рекоа дека учениците треба да ги испратат жалбите до управите на училиштата, но Ходаи вели дека тоа уште повеќе ќе го спречи решавањето на проблемот.
„Проблемот останува кај управата на училиштата и не преземаат никаква мерка за решавање на проблемот.“, изјави Ходаи.
Инаку ТВ21 пред неколку дена извести дека има сомнежи дека наставниците на основните и средните училишта бараат од учениците пари за да ги пополнат свидетелствата на компјутер. Цената е од 50 до 100 денари.
