Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека во моментов партијата е активна на терен, во комуникација со граѓаните и во процес на изнаоѓање на најдобри кандидати за градоначалници и за на листа на советници.
„Тече паралелно и подготовка на партиска програма која што треба да биде сеопфатна и која што треба да даде одговор за сите нерешени прашања на скоро апсолутното владеење на Коалицијата СДСМ-ДУИ во многу општини“, посочи Муцунски.
