Данела Арсовска упати порака до претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески да собере храброст и да ја стави точката за приватните превозници на дневен ред. Приватните превозници денеска не сообраќаат низ главниот град поради неисполнување на обврските.
„Бидејќи Трајко Славевски никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а овој пат бара поддршка од мене – ја има.
Го охрабрувам Трајко Славевски, како што и веќе на писмено му одговорив во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше, да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред и заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе ја поддржат и ќе прифатат зголемена цена за превоз на приватните превозници или не.
Биди храбар Трајко!“, се вели во соопштението од Град Скопје, потпишано од Данела Арсовска.