Данела Арсовска, градоначалничката на Скопје, повторно не се појави на денешната седница за советнички прашања во Град Скопје.
Советничката од СДСМ, Љубица Јанчева на самиот почеток праша дали се исполнети условите за одржување на седницата.
„„Ние советничките прашања секогаш ги поставуваме до Градоначалник и секогаш бараме да добиеме устен одговор. Ако не е присутна Градоначалничката ние нема да учествуваме во работата на седницата“, кажа Јанчева.
Претседателот на Советот, Трајко Славески рече дека испратил повеќе датуми до Арсовска самата да одбере кога и одговара да дојде на седница, но не добил одговор.