Даноците засега нема да се менуваат – приватниот сектор погоден од кризата да добие државна помош

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Таргетирана помош за оние на кои им е најпотребна , борба со  сивата економија, борба против корупцијата  и намалување на парафискалните  давачки кои во некои случаи се поголеми  од  даноците , ова се   главните барања на бизнисмените до Владата. Истите денеска беа претставени  на првата работната средба помеѓу владин економски тим и Сојузот на стопански комори.

„Сите претпријатија и сите оние од приватниот сектор кои се соочуваат со финансиски потешкотии поради кризата да добијат соодветна таргетирана помош која  што им е неопходна“, истакна Даниела Арсовска.

Владата е стабилна порача премиерот Заев, и ја испраќа пораката на предвидливост. Најави намалување на парафискалните давачки  до крај на мандатот.

„Даноците треба да бидат стабилни и предвидливи ако се случи било каква промена на данок таа треба да биде навремено најавена“, посочи Зоран Заев.  

Таргет на Владата е до крајот на мандатот барем 75 посто од овие парафискални давачки да ги отстраниме, истовремено ќе имаме и одредено намалување на даноци се со цел стимулирање на економијата.

Една од првите грижи на владата како што рече Заев  ќе биде и спречувањето на отпуштањата на вработените од страна на работодавачите по завршување на мерката што ја нудеше државата за зачувување на работните места. Според него  во иднина  најверојатно ќе се продолжи и со  употребата на Платежните Картички бидејќи како што рече Заев тие се голема поддршка за ранливите категории.