Дански министер: Гренланд не може никој да го припои, тоа е кршење на меѓународното право

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави денеска дека Гренланд не може да биде припоен од никого, реагирајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд.

„Не можете да анектирате сојузничка земја или која било друга земја, бидејќи тоа го прекршува меѓународното право“, рече тој во интервју за ТВ 2.

Данскиот министер, исто така, изрази уверување во „поддршката на НАТО“ во контекст на претензиите на Трамп за островот, додавајќи дека „не ја гледа желбата на жителите на Гренланд да бидат Американци“.