Фудбалерот Дарко Панчев, во денешното гостување во емисијата 10 Минути на Тв21, го анализираше првиот натпревар на македонската репрезентација на ЕУРО 2020. Како што рече иако на почетокот добро им париравме на австријците, на крај физички паднале нашите фудбалери.
„Мојот впечаток е дека пруживме еден коректен отпор, дека во голем дел во првите фази на натпреварот им париравме на австријците добро. Пробувавме да наметнеме некаква наша игра, но кога со мирна глава ќе го анализираме натпреварот, сепак мора да признаеме дека австријците беа поактивни, подоминантни, повеќе ја држеа топката и на крај некако и ние физички малку паднавме“, посочи Пандев.
