Неполни две минути траеше седницата на Комисијата за социјална политика на која на дневен ред беше предлог законот за бранителите поднесен од СДСМ.
Иако беше за изненадување тоа што претседателката на Комисијата Илире Даути ја закажаа расправата за оваа точка, таа веднаш ја прекина со образложение дека нема соодветен претставник од Министерството за социјална политика.
Даути претходно одбиваше да ја закаже седницата за расправа на законот за бранителите, а потоа и претседателот на Собранието Африм Гаши рече дека не може ниту тој да ја свика седницата, со што овој закон остана блокиран.