Пратениичката Илире Даути во „Клик Плус“ изјави дека ВЛЕН прифатиле да помине законот за правична и соодветна застапеност, само за да започнат разговорите за реконструкција на Владата, што според неа било направено единствено за да продолжат да бидат дел од Владата.
Даути рече дека ВЛЕН биле соочени со закана за предвремени избори и дека во оваа ситуација се води борба за власт.
