Законот за образование со кој се предвидува интонирање на државната химна во училиштата кој се уште е во собраниска процедура беше едно од прашањата на пратеничката на Европскиот фронт Илире Даути. Таа ова прашање му го постави на првиот вицепремиер Изет Меџити во кое бараше одговор дали тој го прифаќа ова решение и дали е за тоа да се интонира државната химна во училиштата.
Mојaта дилема во овој случај е дека и ако министерката, а и во закон пишува дека ова e изборно (опционално) и дека ќе има можност основачот да одлучат дали ова ќе се применува или не, прашањето е дека ако ја анализираме подобро тематикава, ќе видиме дека многу училишта, особено тие што речиси пола се Албанци, Куманово и многу општини во град Скопје, за кои ќе одлучува општината, и другите општини водени од градоначалници Македонци, убедена сум дека тие ќе одредат химната да се интонира на почеток и крај на учебната година, изјави Илире Даути од Европски фронт.
Вицепремиерот Меџити не одговори директно, туку постави контрапрашање до Даути зошто советниците во Велес од редовите на Европскиот фронт гласале за интонирање на химната.
Во општините одлучува основачот, и законите се уште се во процедура. Прашувам, зошто советникот на ДУИ во Велес гласал ЗА оваа одлука во Општина Велес? Вие едно правите, друго зборувате, но овие, ние, народот лесно ги чита вашите мислења и одлуки. Преку ден гласате во Велес за химната на државата, и после доаѓате тука во Собрание и кревате врева дека имало таква одлука. Бидете спокојни, Албанците имаат свои претставници во Влада, изјави првиот вицепремиер Изет Меџити.
Даути постави прашање и до премиерот Христијан Мицкоски за тоа кој е неговиот реален поглед за употребата на албанскиот јазик, но бидејќи Мицкоски беше отсутен од седницата поради неговата посета на Брисел, на ова прашање пратеничката ќе добие писмен одговор.