Три градови веќе немаат активни случаи со коронавирус. Станува збор за Дебар каде што беше регистриран и првиот случај со коронавирус во Македонија, Демир Капија и Дојран, покажува статистиката на Министерството за здравство.
Тоа значи дека на подрачјето на општина Дебар, вклучително и општина Центар Жупа, повеќе нема заразени лица со новата болест. Десетина дена наназад немаме нови случаи. И покрај овој позитивен тренд, а тука и ефектот од им*низацијата кој е познат, сепак препорачуваме и понатаму внимателност, изјави за МИА директорот на Општата болница, Бали Алили.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68460, Активни 1000
Куманово 8813, Активни 231
Прилеп 8294, Активни 101
Тетово 7207, Активни 99
Битола 6290, Активни 171
Велес 5466, Активни 61
Гостивар 5168, Активни 42
Кавадарци 5151, Активни 28
Охрид 4997, Активни 183
Штип 4956, Активни 41
Струмица 4108, Активни 61
Струга 2980, Активни 65
Кочани 2786, Активни 40
Кичево 2557, Активни 71
Гевгелија 2190, Активни 24
Неготино 2184, Активни 20
Свети Николе 1522, Активни 31
Ресен 1234, Активни 31
Крива Паланка 1219, Активни 6
Радовиш 1156, Активни 51
Берово 1029, Активни 3
Делчево 971, Активни 24
Дебар 939, Активни 0
Виница 880, Активни 36
Пробиштип 789, Активни 8
Валандово 666, Активни 3
Богданци 494, Активни 3
Крушево 489, Активни 20
Демир Хисар 397, Активни 16
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 373, Активни 14
Македонски Брод 359, Активни 3
Пехчево 268, Активни 1
Македонска Каменица 249, Активни 11
Дојран 132, Активни 0
