Заев: Македонското здравство тоне

СДСМ: Македонија е најлоша во здравствената заштита во Европа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, во денешната изјава за медиумите, се осврна на состојбите за здравството во Македонија. Заев истакна: „Здравството тоне во нашата земја. Сé повеќе недостасува лекарски кадар. Сé повеќе има недостаток на опрема. Недостасуваат медицински материјали. Граѓаните сé повеќе плаќаат во оваа наша земја, а добиваат сé помалку и сé полоши услуги.

630 милиони евра се потрошени за споменици, а според европската здравствена служба, Македонија е најлоша во здравствената заштита во цела Европа.

Социјалдемократскиот сојуз заедно со граѓаните гради платформа со којашто тврдиме дека состојбите во Македонија можеме да ги промениме во секое поле, така и во здравствената заштита. Имаме намера да ја укинеме партиципацијата за децата до 16 години, а секако, да ја укинеме партиципацијата и за социјално загрозените личности во нашата земја“ – рече Заев.

Лидерот на опозицијата, потенцираше дека СДСМ се залага за подигнување на квалитетот на работа на лекарите и во делот на условите и во делот на финансиските приходи.