„Дебата“ во Собрание со зурли – тензии, навреди и пцости меѓу пратениците за францускиот предлог

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Втор ден од дебатата во Собрание за францускиот предлог во иста атмосфера како вчерашната.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ продолжија тензиите и свирењето со зурли, а не недостигаа ниту пцостите и навредите. На почеток на седницата, на прашањето упатено до министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ му се обрати со ТИ по што ја прекина собранискиот спикер Талат Џафери.

Секој пратеник од парламентарното мнозинство кој излезе на говорница беше спречен од зурлите на опозицијата.

Со навреди и возврати пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски  кој на крајот го искина францускиот предлог.

Со знамето на Северна Македонија на говорницата се качи пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ.

Збор доби и пратеникот Антонио Молошоски кој се спротивстави на францускиот предлог.

Состојбата стана потензична кога пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека некои од нив имаат пасоши.

Потоа за време на говорот, пратеникот Антонио Милошоски, пратеник од мнозинството извикуваше барајќи му го бугарскиот пасош.

За расправа за францускиот предлог се пријавиле 42 пратеници.