Дечев во ClickPlus: Изјавите на Каракачанов во последно време се арогантни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бугарскиот историчар Стефан Дечев, вечерва говореше во „Клик Плус“ на ТВ21 за последните случувања помеѓу Бугарија и Македонија. Дечев напомена дека не е изненаден од ситуацијата, и од изјавите на Красимир Каракачанов.

Тој ги нарече изјавите на Каракачанов арогантни и потценувачки.

„Изјавите на Каракачанов во последните седмици се арогнатни и се користеше секаков дипломатски тон. Говореше дека ќе прати војници да рушат споменици, дека знамето е како вентилатор. Јас не сум изненаден за тоа што се случува кај нас“, вели Дечев.