„Дефекти со висока опасност“ – Директорот на Клиниката за детски болести покрена аларм

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Клиниката за детски болести во Скопје има „Дефекти со висока опасност“ вели вршителот на должност, Реџеп Мемети, кој е на оваа функција 4 месеци. Меѓу главните проблеми кои ги посочи е и кујната каде се подготвува јадење за децата и бебињата, за која рече дека е целосно амортизирана со 20 годишна опрема.

Освен од кујната, директорот објави и фотографии од другите простории на Клиниката како станицата за пумпи за вода за кои вели дека секоја недела појавуваат дефект и има недостиг на вода, или лифтовите кои се стари над 40 години и кои се вон функција, додека пациентите ги користат скалите.

Сите овие проблеми Мемеди увери дека ги адресирал и се во фаза на санација.

Целата оваа состојба со која се соочува е негов против одговор за анонимните обвинувања на социјалните мрежи дека овие месеци додека тој е директор се зголемила смртноста на децата кои се третираат во Клиниката.

Анонимните објави на Фејсбук Мемеди ги нарече „кампања против Клиниката и лично против него“ поттикнати од поединци внатре во Клиниката кои спред него имаат лични интереси и болна желба за власт злоупотребувајќи ја судбината на децата.