Дехари: Јас ќе го водам Кичево и наредните 4 години, така бараат граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари во вечерашната изборна дебата на ТВ21 истакна дека побарал од лидерот на ДУИ, Али Ахмети да не се кандидира, затоа што веќе 20 години е активен во политиката.

Сепак Ахмети не прифатил и побарал од него да се кандидира повторно.

„Да побараше Ахмети да се повлечам, ќе се повлечев. Што се однесува до мојот противкандидат Фатмир Лиманим тој доаѓа од ДУИ, а сега е независен. Гледам дека има поддршка од мои сопартијци, но сепак граѓаните ќе ме гласаат мене. Сум слушнал дека Изет Меџити дава поддршка на Лимани, но тоа не е потврдено од него, сум гледал само слики на социјалните мрежи“, додава Дехари.