Дали в.д. директорот на Јавната установа национален парк „Шар Планина“ и дел од ДУИ, Ибрахим Дехари преку писмо побара од премиерот Христијан Мицкоски да остане на функцијата директор?
По ова, го контактиравме самиот Дехари кој во телефонска изјава за ТВ21 порача дека тој не сака по секоја цена да остане директор, но писмото било упатено со цел да го извести дека оваа институција била основаа со многу жртви.
„Не, не велам дека ќе продолжам на позицијата директор, велам дека промените се природни и не сум роден да бидам директор овде, ниту имам тврдења дека ќе продолжам да работам и да бидам овде под какви било околности, но треба да му се каже на премиерот, какви жртви и напори постигнавме оваа институција во овие 2 години да се формира бидејќи е основана речиси без државни средства и со странски донации и со трчање низ Европа и Америка, за да внимава кого ќе донесе на функција затоа што треба фер и добро менаџирање, за да земе предвид кого ќе донесе и да не го гази тоа што е изградено во овие 2 и половина години“, рече Дехари.
Според Дехари, премиерот треба да внимава бидејќи оваа институција не е финансирана од државата.
„Поставивме институција и таа е во добра насока и успеавме да изградиме канцеларии, да се опремиме со автомобили, да обезбедиме алатки преку странски донатори. Внимавајте да не се финансираме од државниот буџет, да не сме буџетски. Внимавајте кого ќе доведете да управува по овој ден“, изјави Дехари.