Дејвид Бекам откри што секојдневно јаде Викторија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дејвид Бекам открива дека неговата сопруга и поранешна „спајсица“ Викторија Бекам 25 години секој ден јаде едно исто јадење. А, тоа е риба на скара со зеленчук на пареа, пренесува „Дејли стар“.

Дејвид (46) – некогашна фудбалска легенда и татко на четири деца изјави дека во ретки прилики кога Пош Спајс ќе проба нешто друго, тоа е „една од неговите омилени вечери“. Сето ова тој го откри во интернет-емисијата „Ривер кафе тејбл 4“ (River Cafe Table 4) неделава, признавајќи и дека самиот е голем гурман.

– Јас сум доста емотивен за храната и виното, па кога јадам нешто одлично, сакам сите да го пробаат. За жал, оженет сум со некој кој 25 години го јаде истото јадење… Од кога ја запознав, јаде само риба на скара и зеленчук на пареа. И многу тешко отстапува од тоа!, изјави поранешниот фудбалер.

Брачната двојка има четири деца: Бруклин (22), Ромео (19), Круз (16) и Харпер-Севен (10).

Викторија и претходно за себе велеше дека не јаде храна подготвена во масло, путер или сосови, како ни црвено месо и млечни производи. Дејвид откри и дека ужива да минува време сам во нивната вила во Лондон, бидејќи таму може да готви што сака.