Дел од жителите на неколку улици во Скопје денеска ќе се соочат со прекин во снабдувањето со вода и електрична енергија поради планирани технички зафати.
Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје информираат дека поради изведување на водоводен приклучок со пречник ф-100 милиметри на улицата „Јосиф Михајловиќ“ бб, без вода ќе останат корисниците од улиците „Јосиф Михајловиќ“ и „Атанас Бабата“ во општина Карпош.
Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 9 часот и ќе трае сè до завршување на работните активности.
Воедно, од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати на електродистрибутивната мрежа, во периодот од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улицата „Миле Поп Јорданов“, во околината на хотел „Гранит“, во општина Карпош.
Дополнително, од 8 до 16 часот без струја ќе останат дел од корисниците на улицата „Мирослав Крлежа“, како и корисниците од улиците „Наум Наумовски Борче“, „Антоние Грубишиќ“ и „Орце Николов“ во општина Центар.
