Снопче од AA прашува: Кога ќе се сменат имињата од поранешна Југославија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зошто се уште и по 36 години независност има имиња на улици уште од време на поранешна  Југославија. Ова беше прашањето на Халил Снопче  од Алијанса за Албанците на седницата за пратенички прашања, кој рече дека во многу општини се уште опстојуваат и се глорификуваат имиња од југословенскиот систем. Тој го запраша премиерот дали се планира да се преземат мерки за преименување на овие улици и некои објекти од општествена важност.

„Во мојот град, главната улица во градот што го поврзува центарот со главниот булевар се уште се нарекува ЈНА. Имаме такви случаи многу. Затоа моето прашање е господине премиере дали владата има стратегија или конкретен план за дејугославизација, ќе повторам дејугославизација на јавниот простор односно за повторно ревидирање на именувањето на улиците и јавните институции кои се уште ги носат имињата на симболите наследени од поранешниот југословенски систем“, порача Халил Снопче.

Премиерот Мицкоски одговори дека тој се залага за именување на јавниот простор кои што ќе одговараат на денешната реалност. Не сум југоносталгичен и немам намера да бидам југоносталгичен но како влада сме фокусирани на други многу поважни проблеми, рече Мицкоски кој притоа рече дека за ова ќе се најде решение.

„Имаме разговарано со нашите коалициони партнери за оние улици кои што се без број, односно немаат број, кои што немаат име да добијат имиња на луѓе, на личности или случувања во минатото кои што ја одразуваат многувековната борба на македонскиот народ и на граѓаните во Македонија за независна Македонија а истовремено ќе го претставуваат и мултиетничкиот карактер во одредени општини каде што тој мултиетнички карактер е реалност“, вели Христијан Мицкоски.

Инаку, за утре во Тетово од општинската организација на ДУИ се најавува протестен марш од плоштадот Илирија во врска со имињата на улиците.