Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест. Ќе ја блокираат раскрсницата кај Мавровка и ќе продолжат пред судскиот совет. Бараат да се почитува Законот и зголемувањето од 30 проценти на платите во полицијата да се додаде на основицата која треба да е иста со минимална плата од 24.400 денари. Велат ова сака да се изигра, па заедно со зголемувањето основната плата на полицајците да е околу 25.000 денари.
-Утре овдека на раскрсницата Мавровка ќе одржиме еден голем полициски протест на кој ќе имаме присутни и колеги од балканските држави да ни дадат поддршка да им упатиме порака на судиите да не си играат со Законот затоа што Законот за полицијата не може да важи само кога треба полицајците да се казнуваат и мора да важи како и за сите останати граѓани во државата. Од тука ќе започнеме во 12 часот, а ќе завршиме пред Судскиот Совет некаде околу 13 часот каде што ќе им порачаме дека малку им се и тие 2 проценти доверба, изјави Мартин Ефремов, претседател на Независниот синдикат на полицијата.

Поднеле претставка против 4 судии, двајца од Основниот граѓански суд во Скопје и двајца од Апелција и бараат нивно изземање. Тврдат биле на советување во МВР и не можат да бидат непристрасни во судењето.
-Сметаме дека сакаат да ја променат судската пракса што ја имаме во Апелационите судови во Гостивар и во Битола, а тоа е платата на полициските службеници е составена од основна плата и зголемување од 20 односно 30 проценти. Основната плата во државата мора да е минималната плата на државата и тоа е веќе потврдено како што ви кажав од основните судови и од апелационите во Битола и Гостивар и тоа мора да е така и во Скопје, изјави Мартин Ефремов, претседател на Независниот синдикат на полицијата.
Очекуваат масовност на протестот. Се извинуваат на граѓаните зошто раскрсницата кај Мавровка ќе биде блокирана од 12:00 до 12.30 часот.
