Во четвртокот попладне, премиерот Ли Ќијанг во Пекинг се сретна со делегација на американски сенатори предводена од сенаторот Стив Дејнс.
Ли Ќијанг истакна дека практиката постојано докажува дека меѓусебното почитување, мирниот соживот и заемно корисната соработка се вистинскиот начин двете големи сили, Кина и САД, да одржуваат добри односи. Тој изрази надеж дека американската страна ќе работи со Кина во иста насока, ангажирајќи се за повеќе дијалог наместо конфронтација, за повеќе заемно корисна соработка наместо „игра во која победникот зема сè“, како и за одржување стабилни и предвидливи билатерални економски и трговски односи, што е во основен интерес на двете земји.
Со делегацијата на американските сенатори средба одржа и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
