Делови од Скопје денеска без струја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска делови од Скопје ќе останат без електрична енергија во одредени временски интервали.

Во општина Кисела Вода, прекин на струја е најавен од 8:30 до 13:00 часот за корисниците на улицата „Саса 2“ (од градинката нагоре). Дополнително, од 9:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците на улицата „Димо Хаџидимов“ број 45.

Во општина Центар, од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците на улицата „Тодор Александров“, во рамки на комплексот Олимписко Село.

Прекин на електрична енергија е најавен и во општина Карпош, каде од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ванчо Мицков“.

Надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите дневни активности согласно најавените термини, особено во објекти каде електричната енергија е неопходна за функционирање на греењето, лифтовите и електричните апарати.