Демолиран стадионот во Зајас: Неговата реконструкција се направи пред само една година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неполна година откако беше реконструиран, фудбалскиот стадион во Зајас е демолиран. Овој стадион го опслужуваше селото и околината како и фудбалскиот клуб Зајас, но како што се гледа пред неколку дена некој без причина ги уништил ентериерот.

Од Месната заедница преку објава велат дека се чувствуваат револтирани од овој настан.

-Длабоко сме револтирани од демолирањето на објектите на стадионот во село Зајас, не ја знаеме причината за овој варварски чин на овој терен кој е неопходен не само за Зајас туку и за околината. Искрено бараме да се открие вистината и да се фатат сторителите. Се надеваме дека ваквите ситуации нема да се повторат затоа што ова е на штета на сите а повеќе на штета на младите во земјата, велат од месната заедница на село Зајас.

ТВ21 неофицијално дознава дека ова кривично дело го извршиле малолетници кои не наполниле 18 години од село Зајас. Според нашите информации, полицијата ги фатила сторителите, случајот е документиран и се очекува да бидат преземени дополнителни мерки.

Стадионот Зајас во изминатите години беше оставен во заборав и претворен во ѓубриште, но по неколку наши стории Агенцијата за млади и спорт во 2022 година издвои 130 илјади евра за негова санација.