Демонстрантите кои во моментов се наоѓаат пред Собранието, побараа да влезат во Парламентот и да преговараат. Неколку стотици граѓани се собраа пред законодавниот дом да протестираат против уставните измени кои наместо во 12 часот, се одложени за 16 часот.
Во исто време Јанко Бачев истакна дека претставник од „Македонија блокира“ разговара со претседателот Ѓорге Иванов.
