Ден на жалост денеска во Косово поради убиствата на жени во изминатите денови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Косово го прогласи денешниот ден, 17 април, за ден на жалост во спомен на убиените жени и девојки како последица на родово засновано насилство.

Според синоќешното соопштение од кабинетот на претседателката Вјоса Османи, општеството треба да биде во жалост секој ден се додека има убиства на жени.

– Утре ќе биде национален ден на жалост во Косово, но нашето општество ќе биде во жалост секој ден се додека има убиства на наши жени и девојки, се наведува во соопштението.

Една жена е убиена вчера во градот Пеќ, а осомничен за убиството е нејзиниот сопруг, кој, како што е соопштено, ја застрелал со пиштол.

Во петокот (12 април) 21-годишна жена беше убиена во Урошевац во Центарот за социјална работа од страна на поранешниот сопруг. Притоа беше ранет и 15-годишниот брат на жртвата.