Во Босна и Херцеговина е ден на жалост по смртта на осумте млади кои за време на новогодишната ноќ го изгубија животот за време на приватна прослава.
Стотици свеќи се запалени на плоштадот, а синоќа илјадници граѓани се собраа на плоштадот во тишина, со што искажаа почит кон жртвите и нивните роднини.
Во тек е обдукција на телата на починатите.
Според првичните информации од полицијата, станува збор за задушување од издувните гасови на агрегат.
