„Христос се роди, навистина се роди“
Овој поздрав го користат православните христијани, празнувајќи го Божиќ, денот на христовото граѓање. Божиќ е највеселиот православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос. Традиционално Соборниот храм „Светли Климент Охридски“ во Скопје е местото каде што се одржа централната свечена божествена литургија.
Граѓаните со желби за мир, спокој и здравје.
„Да има мир, спокојство во душата и да се верува во господ“.
„Да се живи и здрав, бог да ги благослови и 2020 никогаш да не ни се повтори“.
„Да имаме спокој во душите. Да сме многу помудри од што бевме“.
„Здравје, радост, среќа, година да биди поздрави, повесели“.
И покрај пандемија и годинава не изостана групното причестување. Во Соборниот храм верниците како што е обичај, од една лажичка се напија од виното, што ја претставува Христовата крв, а се делеше и нафората која дава значение на телото Господово…
Божиќ се слави три дена. Божиќното утро почнува така што рано в зори се слушаат камбаните од сите православни цркви и храмови, се облекува свечена облека и се оди во црква на божиќна литургија.
Утрото на Божиќ се појадувa од Бадниковата трпеза, којашто потоа се раскрева. Исто така од овој ден се прекинати божиќните пости и може да се мрси. Семејствата со помали деца наутро после појадокот се приготвуваат и заминуваат на гости кај своите најблиски.
Целта на овој празник е токму таа, да се поврзат луѓето на овој ден со Бога и со своите најблиски. Да поминат квалитетно време заедно и да го прослават Христовото раѓање.
